Саниран е пожарот во РЕК Битола, комбинатот работи со еден блок

Од:

Саниран е пожарот кој изби синоќа во РЕК Битола, и на местото се врши увид од страна на стручни екипи од АД ЕСМ за утврдување на причините информираат од ЕСМ.

– Пожарот почна на еден од изолаторите на надворешниот трансформатор на Блок 3 и со брза интервенција на противпожарните служби огнот беше изгаснат. Не се дозволија дополнителни хавариски оштетувања. Локацијата е обезбедена и екипи на АД ЕСМ и на надлежните служби ќе ги истражуваат причините за настанот. АД ЕСМ најостро ги демантира сите шпекулации за наводно нестручно и несовесно работење и оперирање, со оглед на тоа што се работи за процес на производство со опрема стара над 40 години. За компанијата е најважно што нема повредени лица во при настанувањето на пожарот и неговото санирање се вели во соопштението од ЕСМ.

Од компанијата објаснуваат дека во случаи на пожар, од безбедносни причини проработува автоматската заштита и истата синоќа реагирала со исклучување и на Блок 1. За помалку од еден час Блок 1 бил рестартиран и вратен, и од денеска во утринските часови работи со полн капацитет.

– Со оглед на тоа што оштетувањето на трансформаторот на Блок 3 е од поголеми размери, истиот одреден период нема да биде во можност да биде приклучен во производниот систем. Истовремено, Блок 2 беше во редовни сервисни активности за подготовка за работа од декември, но со оглед дека има потреба од побрзо вклучување, од следната недела и Блок 2 ќе функционира со полн капацитет.ТЕЦ Осломеј во моментот е во редовен сервис за негова подготовка за континуирано производство на електрична енергија од декември до април 2022г, со 300 илјади тони набавен јаглен за кои постапката ќе финишира во следните неколку дена информираат од ЕСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Горан Наумовски

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола

Ќе се бара нова фирма за ископ на јаглен и јаловина за РЕК „Битола“

Левица: Зошто договорот со „Марковски“ беше раскинат и кои се причините за изборот на „Топлина“?

А1он

ЕСМ: Фирмата „Топлина“ е привремено ангажиран економски оператор

ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“