Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро се венча со својата долгогодишна партнерка, поранешна државна обвинителка Силија Флорес.
Мадуро веста ја соопшти на државната телевизија, во текот на состанокот со гувернерите, а на својот интернет портал објави и фотографии од венчавката.
Долгогодишниот министер за надворешни работи, 50-годишниот Мадуро за претседател на Венецуела е избран на 14 април.
Мадуро и Флорес се во врска две децении. Таа има три деца, а тој едно од претходните бракови.
Eлена Георгиевска