Билатералните односи, со фокус врз соработката и сојузништвото во рамките на Северноатлантскиот сојуз, беа главна тема на разговор на денешната средба на шефот на дипломатијата Бујар Османи со албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши, кој престојува во официјална посета на земјава.
Како што соопшти МНР, на пленарниот состанок на двете делегациите било нагласено дека Северна Македонија и Албанија даваат важен придонес за регионалната стабилност и безбедност, како гаранција за севкупниот развој и просперитет на двете земји и регионот на Западен Балкан.
– Двајцата министри оценија дека успешната соработка меѓу двете земји, вклучително и во рамките на консолидација на евроатлантската агенда, е од взаемен стратешки интерес и во интерес на регионот во целина, се додава во соопштението.