Ирачкиот и сирискиот конфликт се спојуваат, смета специјалниот пратеник на ОН за Ирак

Од:

Специјалниот пратеник на ОН за Ирак, Мартин Коблер оцени дека насилството во оваа блискоисточна земја повеќе не може да се оддели од граѓанската војна во соседна Сирија, затоа што „борбените дејствија се спојуваат“.

Ирачките вооружени групи се се поприсутни во Сирија, изјави синоќа Коблер пред Советот за безбедност на ОН. Како резултат на тоа, забележа тој, сирискиот конфликт едноставно се прелива во Ирак, а Ирачани се борат еден против друг во Сирија.

– Овие земји се взаемно поврзани. Ирак е делбената линија меѓу шиитскиот и сунитскиот свет, така што сето тоа што се случува во Сирија, се одразува на политичкиот пејзаж во Ирак, додаде Коблер.

Тој предупреди дека насилството „лесно може да излезе од контрола, доколку не бидат донесени итни мерки“.

Специјалниот пратеник, исто така, изјави дека последните четири месеци биле меѓу најкрвавите во Ирак во последните пет години со приближно 3.000 убиени и над 7.000 ранети лица.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија