Еколошка катастрофа крај брегот на Северен Кипар

Од:

Сто тона нафта се излеаја во морето крај брегот на северниот дел на Кипар од танкер на приватната компанија АКСА, јави грчката агенција АНА-МПА.

Претставник на севернокипарските власти изјави дека тоа е најголемата еколошка катастрофа крај островот и дека без разлика какви сили ќе се мобилизираат, 20 отсто од нафтата никогаш нема да може да се собере од морето.

Според информации на локалните власти, нафтената дамка се раширила на површина од пет километри во морето.

Инцидентот се случил откако се дупнала цевката по која нафтата се префрлала од танкерот до електроцентрала на компанијата АКСА.

Од турското пристаниште Мерсин кон местото на инцидентот се упатил брод за пречистување на нафтените дамки. Властите во Северен Кипар побарале помош и од ОН.

Министерот за туризам на Северен Кипар откако го посети реонот на инцидентот, изјави дека „државата не располага со доволно средства за да се справи со толкава криза“.

Настаот тој го оцени како сериозна еколошка катастрофа и додаде дека виновните за инцидентот ќе бидат казнети.

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот