Бела куќа: Сноуден треба да се врати во САД за да биде исправен пред суд

Од:

Белата куќа денеска излезе со став дека поранешниот соработник на ЦИА Евард Сноуден, кој денеска побара времен азил во Русија, треба да биде екстрадиран и вратен во САД, каде ќе биде суден по обвинение за шпионажа.

– Сноуден не е ниту активист за заштита за човекови права, ниту дисидент. Тој е обвинет за ширење доверливи информации, изјави порпаролот на Белата куќа Џеј Карни.

Тој изјави денеска дека Белата куќа немала контакти со руските власти за Сноуден. Карни меѓутоа, додаде дека САД јасно ги претставиле барањата пред Москва во врска со случајот.

Сноуден е три седмици во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево.

Во одговор на прашањето дали „аферата Сноуден“ ќе влијае на учеството на американскиот претседател Барак Обама на средбата на врвот Г-20 во Русија, Карни истакна дека Обама ќе учествува на форумот на Г-20.

Поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден, денеска официјално побара привремен азил во Русија.

Руската Федерална служба за миграции го добила барањето на поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден за привремен азил, потврди шефот на службата Константин Рамадановски.

– Да, барањето пристигна. Тоа ќе биде разгледано во законски предвидениот рок, поточно во рок од три месеци, рече Рамадановски.

Тој прецизираше дека тоа не значи оти цели три месеци ќе биде разгледувано барањето на Сноуден, туку оти тоа е максималниот рок за такво нешто.

Извори во службата претходно изјавија дека на Сноуден, додека му биде разгледувано барањето, ќе му биде издаден документ, врз основа на кој ќе може да престојува во Русија. Засега нема официјална потврда за тоа.

Како што се наведува на Интернет страницата на службата, привремен азил подразбира „своевиден хуманитарен статус“ или одложена депортација.

– Во случај на позитивен одговор на барањето се издава потврда за доделување привремен азил на територијата на Руската Федерација. Во случај на негативен одговор, можно е поднесување жалба. Времениот азил се одобрува на една година и може секоја година да се продолжува за 12 месеци, се наведува на Интернет страницата.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска