Австрискиот тенисер Доминик Тим ќе настапи на Австралија Опен, откако го исполни условот на организаторите и се вакцинираше против коронавирус.
– Ќе настапам на турнирот во Абу Даби (16 до 18 декември) со цел да се подготвам за Австралија Опен. Се подразбира дека вакцината е задолжителна за учество на овие два турнири, а јас сум вакциниран, изјави деветорангираниот тенисер на АТП листата.
Австралија Опен ќе се одржи од 17 до 30 јануари во Мелбурн.
Тим рече дека жали поради тоа што минатата недела неговото име циркулираше во сите медиуми во претежно во негативен контекст, бидејќи не бил вакциниран против Ковид-19. Апел да се вакцинира, меѓу другите, кон Тим тогаш упати и австрискиот министер за здравство.
– Се надевам дека следниот пат работите нема да отидат толку далеку, изјави Тим, кој во октомври рече дека не е подготвен да се вакцинира.