„Римац автомобили“ синоќа официјално ги здружи силите со „Бугати“ под брендот „Бугати Римац“, што беше најавено неодамна.
Мате Римац на својот Фејсбук-профил објави дека, по повод новата ера на неговата компанија, на сите локации на новата фирма во Хрватска и Франција, вработените добиле спој од хрватски и француски торти и дел од народните кујни.
„Решивме да го засладиме првиот ден на ‘Бугати Римац’. Во текот на денешниот ден на сите наши места во Хрватска и Франција ќе се служи слатка комбинација од хрватски и француски колачи. Спојот на двата колача ги претставува двете различни култури коишто сега се на нивниот заеднички пат“, се вели во пораката.
Римац на Фејсбук ѝ се заблагодари на слаткарницата која ги направи слатките.
Вработените во Франција, патем, имаа можност да пробаат кремшнит-колач, „меѓумурска гибаница“ и балкански феферонки.