За околу една милијарда години на Земјата нема да има вода затоа што Сонцето ќе биде премногу жешко и светло.
Ние тогаш полека ќе исчезнуваме или веќе ќе бидеме исчезнати. Меѓутоа, доколку во тој момент би биле и натамуживи претворањето на Сонцето во црвен џин ќе изгледа како на сликата.
Облакот на фотографијата е всушност планетарната небула ИЦ 289. Таа е наречена планетарна небула, бидејќи кога телескопите биле значително послаби научниците мислеле дека набљудуваат гасни планети како орбитираат околу ѕвездите.
Всушност тој регион е зафатен со облаци од јонизиран гас и прав, кои се испуштени од ѕвездата во средината, која престанала да постои.