Грчките власти повторно гледаат проблем во топонимите напишани во пасошите на албанските емигранти поради што не им се дозволува влез во земјата, јави дописникот на МИА од Тирана.
Всушност станува збор за топоними на грчки населени места кои во албанските пасоши на Албанци кои се родени во Грција, се напишани според името кое за местото се употребува во албанскиот јазик.
Грчката страна почна со враќање назад на албански семејства веднаш по изминувањето на привремениот договор за парламентарните избори од 23. јуни, кој запали зелено светло за доаѓање на емигранти да гласаат без проблеми. Сега сликата се повторува, објавија албанските медиуми.
Претхдно, влез во Грција не им беше дозволен на стотици семејства на албански емигранти чии деца се родени во Грција. Албанските власти соопштија дека во тек се разговори со грчките колеги за изнаоѓање решение за овој пробем кој се создаде со пишувањето на местото на раѓање на албанските деца во Грција во нивните пасоши.