Си Џинпинг го повика светот да ги исполни климатските ветувања

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика учесниците на Конференцијата на ОН за климатски промени COP26 да ги засилат своите напори за климата, јави ДПА.

„Визиите ќе се остварат само кога ќе дејствуваме според нив“, напиша Си во денеска лиферуваната изјава на почетокот на конференцијата COP26 во Глазгов, во Шкотска, пренесе кинеската државна агенција Ксинхуа.

Според извадоци од изјавата објавени од Ксинхуа, Си првично не даде никакви конкретни нови ветувања, но ги повика сите страни „да ги почитуваат своите заложби, да постават реални цели и визии и да дадат се од себе според националните услови, да ги реализираат своите мерки за климатска акција. “

„Развиените земји не само што самите треба да направат повеќе, туку треба и да дадат поддршка за да им помогнат на земјите во развој да постигнат подобри резултати“, изјави кинескиот претседател.

Сите вклучени страни треба да ја зајакнат меѓусебната доверба и да ја зајакнат нивната соработка за да се обезбеди успех на конференцијата во Глазгов.

Кинескиот претседател не отпатува за Глазгов,а, исто така, нема да одржи ни говор преку видео врска, додаде ДПА.

Во Акцискиот план, претставен непосредно пред самитот, владата во Пекинг во голема мера ги повтори претходно ветените цели, на разочарување на климатските активисти.

Емисиите на CO2 треба да го достигнат својот пик до 2030 година, а климатската неутралност да се позиционира до 2060 година.

Ниту една друга земја, како Кина, не произведува толку големо количество на штетни гасови за климата.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Бајден и Си се согласуваат: За употребата на нуклеарно оружје треба да одлучуваат луѓето

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања