Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во светот достигна пет милиони

Од:

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во светот денеска надмина пет милиони, за помалку од две години од кризата што не само што ги опустоши сиромашните земји, туку и ги понижи богатите со првокласни здравствени системи, јави Тајм.

Заедно, Соединетите Американски Држави, Европската унија, Велика Британија и Бразил – сите земји со висок среден или висок приход – претставуваат една осмина од светската популација, но кај нив се речиси половина од сите пријавени смртни случаи. Само во САД се забележани над 740.000 изгубени животи, повеќе од која било друга нација.

– Ова е одлучувачки момент во нашиот живо“, рече д-р Алберт Ко, специјалист за заразни болести на Факултетот за јавно здравје Јеил. – Што треба да направиме за да се заштитиме за да не дојдеме до нови пет милиони?

Бројот на починати, според евиденцијата на Универзитетот Џонс Хопкинс, е приближно еднаков на населението на Лос Анџелес и Сан Франциско заедно. Според проценките на Институтот за истражување на мирот во Стокхолм, тој одговара на бројот на загинати во битките меѓу нациите од 1950 година. На глобално ниво, Ковид-19 сега е трета водечка причина за смрт, по срцевите заболувања и мозочниот удар.

Неверојатната бројка е речиси сигурно помала од реалната поради ограниченото тестирање и луѓето кои умираат дома без медицинска помош, особено во сиромашните делови на светот, како што е Индија, пишува Тајм.

Жариштата се менуваа во текот на 22 месеци од почетокот на епидемијата, претворајќи ги во црвено различни места на светската мапа. Сега, вирусот ги потресува Русија, Украина и другите делови на Источна Европа, особено каде гласините, дезинформациите и недовербата во владата ги попречија напорите за вакцинација. Во Украина, само 17 проценти од возрасната популација е целосно вакцинирана, а во Ерменија само седум отсто.

– Она што е уникатно различно за оваа пандемија е тоа што таа најтешко ги погоди земјите со високи ресурси, рече д-р Вафа Ел-Садр, директор на ICAP, глобален здравствен центар на Универзитетот Колумбија. „Тоа е иронијата на Совид-19“.

Побогатите нации со подолг животен век имаат поголем број на постари луѓе, преживеани од рак и жители на домови за стари и изнемоштени лица, а сите тие се особено ранливи на Ковид-19, истакна Ел-Садр. Посиромашните земји имаат тенденција во населението да имаат поголем удел на деца, тинејџери и млади возрасни лица, кои имаат помала веројатност сериозно да се разболат од коронавирусот.

Индија, и покрај застрашувачкиот наплив на делта варијантата што го достигна врвот на почетокот на мај, сега има многу пониска пријавена дневна стапка на смртност од побогатите Русија, САД или Велика Британија, иако постои неизвесност околу пријавените бројки.

Наизгледната неповрзаност помеѓу богатството и здравјето е парадокс за кој експертите за болести ќе размислуваат со години. Но, моделот што се гледа на големата скала, кога се споредуваат нациите, е различен кога се испитува од поблиску. Во секоја богата земја, кога се мапираат смртните случаи и инфекциите, најтешко се погодени посиромашните населби.

На пример, во САД, Ковид-19 предизвика голем смртен биланс меѓу афро и латино американците, кои имаат поголема веројатност од белците да живеат во сиромаштија и имаат помал пристап до здравствена заштита.

– Кога ќе ги извадиме нашите микроскопи, гледаме дека во земјите, најранливите страдаат најмногу, рече Ко.

Богатството, исто така, одигра улога во глобалната кампања за вакцинација, при што богатите земји се обвинети за складирање резерви. САД и други развиени земји веќе даваат засилувачки дози вакцини во време кога милиони ширум Африка не примиле ниту една доза, иако богатите земји исто така испраќаат стотици милиони вакцини во остатокот од светот.

Африка е континентот со најмала стапка на вакцинација, со само 5 отсто целосно вакцинирани од 1,3 милијарди луѓе.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана