Со пет натпревари со почеток од 14 часот попладнево ќе биде комплетирано 12. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), кое вчера беше отворено со убедлив триумф на лидерот Шкупи над Брегалница со 5-0.
Битолски Пелистер ќе се обиде на домашен терен против Македонија ЃП да ја забележи првата сезонска победа, Работнички со серија од четири порази му гостува на Борец, додека Шкендија ја пречекува екипата на Тиквеш.
Второпласираната Ренова му гостува на Скопје, додека Струга е домаќин на Академија Пандев.
Табела: Шкупи 29, Ренова 21, Академија Пандев 21, Брегалница 19, Шкендија 17, Струга 15, Работнички 15, Скопје 15, Македонија ЃП, Борец 8, Тиквеш 6, Пелистер 4.