Претседателот на Комисијата за верификација на фактите, Томе Аџиев за А1 изјави дека не му се заканувал на членот на Комисијата Чедомир Дамјановски.
-Сето тоа се измислици, тој човек само фрла со дрва и камења, ништо нема сработено за 4 и пол години. Комисијата е колективно тело, сите работат и одлучуваат заедно, а тој ништо нема сработено, нека каже еден предмет дали сработил, изјави Аџиев.
-Јас никогаш на никого не сум се заканил, јас сум помлитав човек, не сум таков да се заканувам. Кога ќе заврши мандатот на Комисијата единствено сакам само што побрзо да го заборам, ништо друго не ме интересира.
Чедомир Дамјановски претходно изјави дека претседателот Томе Аџиев „му се заканувал дека после завршувањето на мандатот ќе го обесат“.