(ВИДЕО) Дамјановски: Аџиев ми се заканува со бесење

Од:

Чедомир Дамјановски, членот на Комисијата за верификација на фактите открива дека е цел на закани по неговиот живот.

-Имам закани, телефонски закани од лице кое не се претстави, повикав полиција, направен е записник, ми се закануват дека ќе ме кренат во воздух. Од внатре претеседателот на Комиисјата, Томе Аџиев ми се закани дека ќе ме обеселе кога ќе ми завршел мандатот и не знам што друго ќе ми направеле, изјави Дамјановски.

Тој вели дека со огромен ризик по сопствената безбедност сакал да застане на патот на разнебитување на нацијата и државата и апелира сите Македонци да излезат од својата летаргичност. Според Дамјановски, сега се лустрираат лица за наредбодатели кои следеле државјани на земјава кои всушност биле против неа.

-По барање на едно лице да се лустрира наредбодателот кој наредил негово следење беше изгласана одлука дека тој ги прекршил основните човекови порава од партиски и идеолошки причини, а се работи за лице кое се изјаснувало дека не постои македонски народ и македонска држава, лице кое се изјаснувало дека македонската држава треба да е во состав на Република Бугарија.

Дамјановски вели дека не сака да шпекулира дали академиците се мета на смислено сценарио, со оглед дека отворено застанаа против лустрацијата на писателот Славко Јаневски.

-Со лустрацијата на академиците се разнебитува македонскиот вредносен соистем, се оцрнуваат стожерни имиња на нашата култура и уметност, лица кои го формирале македонскиот национален идентитет, вели Дамјановски.

П.П.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска