Почувствуван уште еден земјотрес во Дебарско

Од:

Уште еден земјотрес е почувствуван денеска во 12 часот и 23 минути во западниот дел на земјава. Епицентарот бил во Албанија, 100 километри југозападно од Скопје и припаѓа на епицентралното подрачје Дебар.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда ML3.6, а е почувствуван од населението во западните делови од земјава со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Серија земјотреси со епицентар во Дебарско беа почувстувани изутрината по осум часот. Земјотресите беа со магнитуда до 4.4 степени по Рихтер и интензитет меѓу III и IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар

Силен земјотрес ја погоди Кина

Земјотрес со јачина од 5,2 степени кај Крит

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Силен земјотрес ја погоди Грција

Горан Наумовски