Дебрани исплашени од земјотресите ги напуштаа домовите

Од:

Земјотресите кои утрово беа регистрирани во близина на албанско-македонската граница кај Дебар, најмногу ги вознемирија дебрани, особено оние во станбените згради.

Тие ги напуштија своите домови и одреден временски период останаа во дворовите на зградите, а некои заминаа кај свои блиски кои живат во куќи.

-Ќе одиме кај мојата ќерка, која живее во куќа, таму ќе бидеме побезбедни. Куќата е едноспратна, па ако повторно затресе можеме побрзо да излезиме. Живееме на петти кат, страшно беше, вели жителка на станбена зграда.

Епицентарот на земјотресите е во областа на пограничното рударско гратче Булќиза, на тресеттина километри од Дебар.

– Од вчера во 17 часот, кога е почувствуван првиот потрес регистрани се вкупно девет, со различна јачина, од 3,3 до 3,6 а најсилен беше оној во 8:10 часот. Епицентарот е во подрачјето на Булќиза со магнитуда од 4,5 степени според рихтеровата скала што кореспондира на 5 степени во жариштето на земјотресот, кој беше на длабочина од 10 километри, изјави за Ора њуз албанскиот сеизмолог Едмонд Души.

Според него тлото е се уште активно и со сигурност не може да се каже дали потресот во 8:10 е кулминација на оваа активност или ќе продолжи, затоа, додава, можни се нови потреси.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од моментот на ударот на заемјотресот на Камчатка

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Земјотресот што пред 62 години го погоди Скопје е потсетник дека животот може да се промени за миг, вели Мицкоски

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Земјотрес во Русија – прогласена е опасност од цунами

А1он

Земјотрес во Света Гора – епицентарот во близина на Сарти

А1он