Џафери: Ремонт на дел од армиските летала до крајот на 2013-та

Од:

Во постапка сме на ремонт на определен број летала што треба да започне оваа година. Ремонтот треба да се спроведе до крајот на 2014 година и во тој контекст ги подготвуваме сите активности за навреме да почнат сите постапки имајќи ги предвид буџетските средства за таа намена.

Ова е одговорот од министерот за одбрана Талат Џафери, кој денеска ги посети Воздухопловната бригада и Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, на новинарско прашање колку армиски летала се во функција и дали се планира набавка на нови.

Како што информираше  Џафери, за разлика од претходните два, на третиот конкурс за пилоти се пријавиле 128 кандидати, од кои 120 ги исполнуваат бараните услови. Од првиот конкурс за обука на пилоти, е завршена основната фаза и се започнува во напредна обука, додека за оние кои се селектирани од вториот конкурс во тек е завршувањето на основната обука.

Инаку, Центарот за обука на пилоти е отворен 2010 година во соработка со израелската фирма „Елбит“ по принципот на јавно-приватно партнерство за следните осум години, по што Центарот во целост треба да го превземе Министерството за одбрана.

– Согласно склучениот договор работите во однос на целосната изградба и опремување на Центарот треба да завршат до крајот на оваа година, изјави министерот Џафери по посетата на Центарот за обука на пилоти.

Тој потсети дека целта е овој Центар да се промовира и да прерасне во регионален односно меѓународен центар за обука на пилоти.

Пред присутните во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се изврши презентација на карактеристиките на хеликоптерите и опремата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски