Швајцарија забрани гостински навивачи на фудбалските стадиони

Од:

Швајцарската фудбалска лига (СФЛ) објави денеска дека планира да забрани присуство на гостински навивачи на стадионите по серијата натпревари, кои ги одбележаа насилно однесување на хулигани.

– Размислуваме за затворање на гостинските сектори со цел да ги заштитиме мирните навивачи, соопшти СФЛ.

Серијата инциденти на фудбалските стадиони во Швајцарија кулминираше во саботата на дерби натпреварот пред 16.000 гледачи меѓу градските ривали Грасхоперс и Цирих (3-3) на стадионот Лецигрунд, кој го делат двете екипи, кога гостинските навивачи влегоа на теренот во обид да се пресметаат со противниците.

– Клубовите и СФЛ веќе не можат да ја толерираат ваквата состојба, која нанесува огромна штета на швајцарскиот фудбал во целина и затоа се разгледуваат сите опции за затворање на гостинските сектори, порачаа од швајцарската лига.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Детали за навивачката тепачка во Осиек: Пријавени се 67 Полјаци, еден тешко повреден

Предраг Петровиќ

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна скеле на зграда висока 60 метри во Швајцарија – тројца мртви, осуммина тешко повредени

(ВИДЕО) Во Дортмун се истепаа англиските и холандските навивачи