ВМРО-ДПМНЕ: Формирано е ново мнозинство во Советот на Град Скопје

Од:

Досегашната парламентарна опозиција во македонското собрание, со освоените 24 од вкупно 45 советници во Град Скопје на последните Локални избори 2021, обезбеди апсолутно мнозинство во Советот на град Скопје, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население. Со ова, обзнануваме дека актуелната владина коалиција на СДС и ДУИ ќе биде опозиција во градот Скопје. Следуваат многу подобри денови во раководењето со градот, во корист на сите жители на Град Скопје и на неговите општини“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ЦГК: По две поништени постапки, „Икарус“ и „Зонгтонг“ од конкуренти станаа партнери за набавката на електрични автобуси

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата