СДСМ: Данела Арсовска унгарски конзул со бугарско државјанство, се крие зад соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ, скопјани нема да дозволат таа да ги манипулира и потценува

Од:

„Јавноста вчера сведочеше на откривање на уште една чувана и криена тајна на кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Јавно објавен документ, односно „Удостоверение“ од бугарско министерство за правда, потврдува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 на Арсовска и дал бугарско државјанство“, соопшти СДСМ.

„Цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина. Наместо да излезе пред граѓаните и да објасни, Арсовска одлучи да се крие зад празните соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е класично потценување и навреда на скопјани од страна на Арсовска кадарот на Груевски и конзул на Унгарија.

Во Скопје не минуваат странски инсталации кои работат на штета на државните интереси и интересите на граѓаните.

Во недела граѓаните силно ќе го поразат овој обид за нивно потценување, ќе ги поразат Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ и ќе се обединат за да продолжи развојот на Скопје со Петре Шилегов“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он