Дума и Кондарко повторно сведочеа во „Титаник 2”

Од:

Повторното судење за случајот „Титаник 2“ денеска во Кривичниот суд Скопје, продолжи со сослушување на сведоци. Свое повторно сведочење пред судечкиот совет предводен од судијата Огнен Ставрев, имаше и поранешниот член на Државната изборна комисија (ДИК), Виолета Дума (прво сведочење август 2018 година). Исто така, сведочеа и актуелниот член на ДИК, Борис Кондарко, и портапоролот Адмир Шабани.

Дума и Кондарко, во својство на сведоци беа сослушани и во август 2018 година.

Судењето за „Титаник 2” се води против претседателот на ДПА, Менду Тачи, поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибрами, против екс-директорот на УБК Сашо Мијалков и против три поранешни членови на ДИК.

Постапка за овој случај произлезе од „бомбите” објавени од СДСМ, а обвинението е застапувано од поранешниот специјален јавен обвинител Гаврил Бубевски.

Според обвинението поднесено од поранешното СЈО, обвинетите учествувале во изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Мијалков се спаси од Титаник 2, другите обвинети добија условни казни

Катерина Ѓуровски

Јанакиески 3,5 години во затвор, условна казна за Јанкуловска за „Титаник“ реши Апелација

Катерина Ѓуровски

Судењето за „Титаник 2“ одложено за 14 јули

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска

Одложена седницата на Апелација за „Титаник 2“, на Мијалков му застарува делото

Катерина Ѓуровски