Авганистанските жени повторно побараа светот да им помогне во остварување на правото на образование и работа

Од:

На денешните протести во Кабул жените ги побараа своите права на работа и образование и ја повикаа меѓународната заедница, потенцирајќи дека „светот гледа и молчи додека тие умираат“.

„Зошто светот мирно не гледа како умираме?“, пишуваше на еден од транспарентите што ги носеа демонстрантките во Кабул.

Десетина од нив ризикуваа да го предизвикаат гневот на талибанците, кои им забранија демонстрации и со сила ги задушија неколкуте откако во август ја презедоа власта во Авганистан.

Пред исламистите да ги отстранат медиумите што го покриваа протестот, активистите успеаја да ги истакнат транспарентите со барањето на правото на образование и работа.

-Бараме од генералниот секретар на ОН да не поддржи во остварување на правото на образование и работа. Во моментов, сè ни е забрането, изјави Вахида Амири, една од организаторките на Спонтаното движење на жени активистки во Авганистан, пренесуваат француските медиуми.

Нивниот протест, што се однесува на, како што се вели, „политичката, социјалната и економската ситуација“ во Авганистан, требаше да се одржи во близина на мисијата на ОН (УНАМА), но во последен момент беше преместен на друга локација.

Тоа е влезот во поранешната „Зелена зона“, каде што се наоѓаат зградите на неколку западни амбасади, кои главно беа напуштени откако талибанците ја презедоа власта.

Вооружените талибански стражари на влезот во заштитеното подрачје ги повикаа демонстрантите и медиумите да се оддалечат.

-Немаме ништо против талибанците, само сакаме мирно да протестираме, рече Вахида Амири.

Симболичните демонстрации на жените станаа честа појава во Кабул во последните неколку недели, бидејќи талибанците се уште не им дозволуваат да се вратат на работа, а на повеќето девојчиња сè уште им е забрането да одат на училиште.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан