Четири деца загинаа откако потона чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Хиос

Од:

Четири деца на возраст од три до 14 години загинаа откако потона чамец со бегалци и мигранти, во морскиот дел, југоисточно од островот Хиос, едно лице се води за исчезнато, а 22 се спасени, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, преку „Твитер“ информираше за билансот од несреќата, објави фотографии и истакна дека Турција мора да ги спречи криумчарите.

– Ова е реалноста на експлоатацијата на мигрантите од страна на криминалните банди во Егејското Море. Бескрупулозните криумчари ги ставаат во опасност животите во претоварените непловни гумени чамци кај Хиос. Трагично, и покрај максималните напори на грчката крајбрежна служба, четири деца, сите на возраст од три до 14 години – се потврдени мртви, едно лице се води за исчезнато, 22 се спасени и се згрижени на брегот. Турските власти мора да сторат повеќе за да ја спречат експлоатацијата од криминалните банди. Овие патувања никогаш не смеат да се дозволат, напиша Митаракис.

Во спасувачка акција на грчката крајбрежна служба во морскиот дел, југоисточно од островот Хиос, според грчките медиуми, учествуваат три бродови, два на крајбрежната служба и еден на НАТО, хеликоптер супер пума, хеликоптер на грчката армија, три рибарски чамци и три бродови што се наоѓаат во близина.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос