СДСМ: Ќе го заштитиме секој поединец од заканите за насилство

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ повторно покажа дека не е поместена ниту милиметар од режимската и насилничка матрица. Имено, после првиот изборен круг, членови и активисти на ДПМНЕ продолжија да се закануваат со насилство кон граѓаните кои не се дел од оваа партија. Членови и структури блиски на раководството на ВМРО-ДПМНЕ јавно испраќаат закани, на кои граѓаните секојдневно сведочат на социјалните мрежи“, соопшти СДСМ.

„Граѓаните сведочат и дека во општините каде победија кандидати на ВМРО-ДПМНЕ се прават списоци на луѓе кои се членови или поддржувач на СДСМ и со најави за некакви наводни одмазди.

Пред два дена, личното обезбедување на Христијан Мицкоски влегло во угостителски објект во Вевчани, легитимирало, се заканувало кон гостите.

Така правеше и полицијата на МВРО-ВМРО кога вршеше упади по медиуми, кога апсеше студенти по библиотеки. На тој начин убија дете на скопскиот плоштад во 2011 година, кога славеа изборна победа.

Кандидатот за градоначалник на Василево физички нападна активистка на СДСМ.

Насилничката матрица на ДПМНЕ не застанува тука. Поддржувач и пријател на новиот градоначалник на Бутел Дарко Костовски на јавно место им се закани на двајца жители на Бутел дека ако не се иселат ќе ги убие.

Додека СДСМ е на власт граѓаните ќе бидат заштитени, а заканите на ВМРО-ДПМНЕ ќе останат нереализирани. СДСМ и државните институции го штитат народот од насилниците.

Но, за да се сопре овој налет на обид да се врати режимот и да им се стави крај на нивните закани, мораме да се обединиме и да гласаме за број 12 во недела.

Да гласаме за број 12 за да ги заштитиме граѓаните и државата од нови насилства, конфликти, омраза, поделби и омрази.

Да гласаме за број 12 за да продолжиме да живееме во мирна, безбедна и слободна држава“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он