„Парадоксот на Диоген“ вечер во МКЦ

Од:

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер ќе се одигра претставата „Парадоксот на Диоген“, во организација на танцовото здружение „Икс на квадрат“.

Претставата е преработка на истоимената драма на Томе Арсовски. Музиката е на Тодор Скаловски, а
кореографија и режија на Јована Зајкова и Бобан Русески. Гласот е на Христијан Поп-Симонов и Марија Талеска.

Танчарите во претставата се Бобан Русески, Јована Зајкова, Дејан Битровски и Анастасија Данчевска од Скопје танцов театар, и Илина Костовска и Јана Трајковска од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј”.

-Диоген шетал по земјата во потрага по човек. Во оваа претстава ние го бараме помеѓу вас. Сета моќ е ваша! Ни требате будни и присутни! Ние не се плашиме да го кажеме она што го мислиме и гледаме и притоа да бидеме искрени и со отворено срце. Нашата сцена ќе биде судницата, а вие ќе бидете нашите судии, соопштија од МКЦ.

Цената на билетите е 200 денaри и се достапни само во рок барот Гарсон. Претставата е поддржана од фестивалот „Цело е кога се има 30“ и „Театар Чин 4 сцена 5“ од Прилеп.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Предраг Петровиќ

ДПМ во понеделник ќе ги додели традиционалните годишни награди

Премиера на претставата „Океанија“ покрај струшкото крајбрежје