Иако компанијата „Епл“ се уште го нема претставено ниту ајФонот 5Ѕ, или т.н. ајФон Lite, голем број аналитичари веќе шпекулираат за „шестката“.
Аналитичарот Глен Џонг предвидува дека ајФон 6 ќе се појави изненадувачки брзо, и тоа во првото тромесечие на 2014 година.
Тоа значи дека новата генерација на смартфоните на Епл би можела да пристигне шест месеци по очекуваното лансирање на ајФонот 5Ѕ.
Од друга страна, аналитичарот Петер Мишек очекува дека ајФонот 6 со 4,8 инчен екран ќе се појави дури во јуни следната година.
Според ретко откриените фотографии од Епл, се гледа дека 5Ѕ ќе има сличен надворешен изглед како „петката“, но повеќето очекуваат дека ајФонот 6 ќе има сосема нов дизајн и поголем екран.
Западните медиуми неодамна објавија информации од анонимни извори од оваа индустрија, кои тврдат дека Епл ја истражува можноста за производство на ајФон со 4,7 или 5,7 инчен екран.
Иако голем екран ќе го направи целиот телефон поголем, Епл би можел да ја намали тежината на апаратот, правејќи го потенок.
И покрај сите овие шпекулации, извршниот директор на „Епл“ Тим Кук демантира дека следната генерација ајФони ќе имаат поголеми екрани.