Повеќе од 10 проценти позитивни од тестираните на Ковид-19

Од:

Статистичките податоци на здравствените власти во државата покажуваат дека во петокot трета доза примиле 4 720 граѓани, односно 638 граѓани примиле прва доза, додека 1 472 се ревакцини. Заклучно со петок вкупно се вакцинирани 801 326 граѓани, ревакцинирани се 769 356, а трета доза примиле 10 386 граѓани.

Како што информираат од Министерството за здравство, 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 осто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Од друга страна состојбата со позитивните случаи со Ковид-19 не е променета многу. Од последните тестирање повеќе од десет проценти биле позитивни на Ковид-19, односно од вкупно 4.151 тестирање вчера, 482 граѓани биле позитивни на корона вирус.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 199.539, бројот на оздравени пациенти е 186.211, на починати е 7.036, а бројот на активни случаи изнесува 6.292.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски