Во натпревар на двете првопласирани екипи на табелата во македонското фудбалско првенство, екипата на Шкупи ја победи Ренова со 2:1.
По денешниот триумф, тимот од Чаир ја зголеми предноста на врвот на табелата на пет бода во однос на „гипсарите“. Сега Шкупи има 26, додека Ренова 21 бод.
Другите средби од 11. коло во ПМФЛ се закажани за утре од 14 часот. Двојките се:
Борец – Академија Пандев
Скопје – Тиквеш
Македонија ЃП – Струга
Пелистер – Брегалница и
Шкендија – Работнички