Вооружени лица нападнаа затвор во Нигерија и ослободија 1.000 затвореници

Од:

Тешко вооружени мажи упаднаа во затвор во југозападна Нигерија користејќи гранати, соопштија денеска затворските служби, а според непотврдени медиумски извештаи, речиси илјада затвореници избегале.

– Вооружените луѓе кои дојдоа беа во голем број. Го нападнаа синоќа поправниот дом „Абонлого“ со гранати. Многу затвореници беа повторно уапсени по нападот и тоа сè уште трае, изјави Оланруаџу Анжорин, портпарол на управата на затворот во државата Ојо, без да прецизира колку затвореници избегале и без да потврди дали има жртви.

Полицијата наскоро ќе даде изјава со детали за нападот, додаде портпаролот.

Неколку локални медиуми објавија дека за време на нападот биле ослободени речиси 1.000 затвореници. Сè уште не е можно да се потврдат таквите наводи.

Околу 240 затвореници избегаа за време на напад на друг затвор на 13 септември во државата Коги во централниот дел на Нигерија.

Во април, повеќе од 1.800 затвореници избегаа за време на напад на друг затвор во југоисточниот дел на земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он