Шифрин најбрза на велеслаломот кој ја отвори новата скијачка сезона

Од:

Американската скијачка Микаела Шифрин победи на денешниот велеслалом возен во австриски Зелден со кој стартуваше новата сезона од Светскиот куп.

Американката двете трки ги заврши со вкупно време 2:07.22 минути, односно 14 стотинки побрзо од второпласираната Лара Гут-Бехрами. Третото место и припадна на Петра Влхова од Словачка која заостана 1,3 секунди.

Во првите десет место обезбедија уште и: Линзбергер (Австрија), Твиберг (Норвешка), Хроват (Словенија), Грение (Канада), Ворли (Франција), О’Брајан (САД) и Зиберхофер (Австрија).

Машката сезона ќе стартува утре, исто така во Зелден и исто така со трката во велеслалом.

Би можело да ве интересира

Историски подиум за Грција во Светскиот куп во алпско скијање

Легендарниот југословенски скијач Бојан Крижај банкротираше, си ја продава куќата

Жарко Настоски

Кристалниот глобус во супервелеслалом за Лара Гут Бехрами

Олимписката шампионка во алпско скијање Викторија Ребензбург ја заврши кариерата

Ана Ололовска

Хиршер по шести пат го освои малиот кристален глобус во велеслалом

Штухец аут до крајот на сезоната