Шмид: Очекувам земјата да ги спроведе сите препораки од ОДИХР за изборите

Од:

Генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Шмид денеска изјави дека секогаш е важно да се спроведат препораките коишто се даваат пред и по изборите и очекува Северна Македонија да ги спроведе сите препораки.

Во однос на борбата против корупцијата, таа, одговарајќи на прашање на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи, рече дека е одлично што Северна Македонија учествува во регионалниот проект за мониторинг на судењата за борба против организираниот криминал и корупцијата затоа што овој мониторинг ќе даде индикации за таму каде треба да се зголемат капацитетите.

– Уште еден проблем кој влијае врз сите е трговијата со луѓе, проблем којшто се влоши за време на КОВИД-кризата, тоа е поврзано со организираниот криминал и на ова прашање соработуваме со многу држави. Ова не е прашање кое може да го реши само една земја, рече Шмид.

Додаде дека борбата против корупцијата е прашање кое што влијае на сите и затоа е од приоритетна важност за ОБСЕ.

– Работиме на ова прашање. Имаме програми за многу земји, рече Халга Шмид.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов