Ги критикуваше лустраторите, го прогласија за кодош

Од:

Академикот скулптор Томе Серафимовски кој жестоко го критикуваше чинот на лустрација на Славко Јаневски денеска беше прогласен за соработник на службите. Истиот овој академик беше и на отворањето на првата читална во општина Центар која го носи името на писателот Славко Јаневски. Неодамна овој академик го критикуваше и проектот Скопје 2014.

Серафимовски го има изработено споменикот на Славко Јаневски во паркот Жена Борец во Скопје. И тој и сите академици бурно реагираа на прогласувањето на Јаневски за соработник на службите.

Тоа според нив беше обид да се обезвредни МАНУ и еден од творците на современиот македонски идентитет.

Денеска беше лустриран и поранешниот директор на УБК кој веќе е во притвор за финансиски малверзации. На ред за лустрација е уште еден академик, писател, а точката за неговото досие е поместена за наредната седница.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска