СДСМ: Државата може да оди напред само ако и Град Скопје и општините туркаат напред

Од:

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев можат да обезбедат напредок на патот кон ЕУ само ако државата има такви политики и на локално ниво, наместо политики што ќе направат се за да не скараат со Бугарија, со Грција, со соседите. Борбата на Владата предводена од СДСМ за еднакво општество за сите е можна само ако имаме градска власт која го негува тој концепт, наместо националистите во градот Скопје кои сакаат да го загрозат тоа“, соопштува СДСМ.

„Токму затоа, како одговорна и државотворна партија, ве повикуваме на обединување околу концептот кој води напред.

СДСМ ја разбра пораката од народот и по неа веднаш постапува. И понатаму внимателно ќе го слушаме гласот на народот.

Видовме што е граѓанството во град Скопје. Знаеме дека ништо не сме ние без граѓаните, затоа што граѓаните знаат се.

За таа цел се формира граѓански совет каде ќе се одлучуваат важните работи како буџет, програми, ребаланс на буџетот и ќе се носат важни политички одлуки од советот на општината, па потоа градоначалникот ќе спроведува.

Видовме колку се моќни граѓаните, тие мора да бидат вклучени целосно во процесите на одлучување.

СДСМ и коалицијата се обединуваат за да продолжи напредокот на општините, за да продолжи развојот на Град Скопје, за да продолжи интеграцијата на државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар повеќе од четири недели е без чиста вода, Владата молчи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штерјова: Дата-центрите ризик за водата, струјата и сметките на граѓаните

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Горан Наумовски

СДСМ: Дали и Савески е на екскурзија?