Поранешниот службеник на НСА, Едвард Сноуден располага со многу доверливи документи за структури и начините на работа на Националната безбедносна служба, кои може да и донесат штета на владата на САД.
Но, според новинар на „Гардијан“, Сноуден инсистира документите да не бидат објавени.
-Со обелоденувањето на информациите ќе се овозможи да се дознае како и што работи НСА –изјави колуменистот во британскиот весник, Глен Гринвалд.
Гринвалд прв објави низа текстови кои што беа засновани врз доверливи документи за американската програма за прислушкување, кои му ги предаде Сноуден.
-За да располага со документи кои се доказ за она што го зборува, тој требаше да дојде до многу чувствителна и детална програма, која зборува за тоа како функционира НСА-изјави Гринвалд.
Елена Георгиевска