Фотографија на балкански рис снимена во Националниот парк „Галичица“

Од:

Млада единка на загрозениот вид балкански рис е фотографирана на специјално поставените фотографски апарати наменети за следење на активностите на срните во Националниот парк „Галичица“.

Станува збор за мошне убава и јасна фотографија на млад примерок на рисот, што се помалку го има во нашите шуми.

Андон Бојаџи, раководителот на Одделението за заштита на природата од НП „Галичица“, појаснува дека изминатите 18 месеци специјалните сензор камери имаат направено повеќе фотографии на единки на балканскиот рис и тоа на повеќе локации, но оти таквите податоци не се доволни за да се утврди нивната популација и бројност.

Идентификацијата на единките преку фотографии е отежната, бидејќи таа се утврдува според шарите на крзното на рисот, што е речиси невозможно преку фотографии со послаб квалитет.

Во соработка со Македонско еколошко друштво се прават напори да се процени популацијата на балканскиот рис, вклучително според бројноста на срните што се дел од неговата исхрана.

– Таа информација ни е потребна за да можеме некако да процениме колкав е бројот на рисови присутни во НП „Галичица“ и каква е состојбата со пленот. Посредно да се проанализираат условите во живеалиштето за да можеме посоодветно да планираме мерки и активности за поддршка на популацијата на Балканскиот рис, вели Бојаџи.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец палел оган на Галичица – рекол дека е бездомник и сакал да се стопли

A1on

Пожарот на Галичица е под контрола, на терен се 100 пожарникари

Катерина Ѓуровски

Пожарот на Галичица е активен, на социјалните мрежи повик за вклучување на граѓаните во гаснењето

Оган и експлозии на Галичица, исцрпени доброволци со денови се борат со огнот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер пренесено повредено лице од Галичица до Охрид

Предраг Петровиќ

Двајца загинати при излетување на патничко возило во провалија на Галичица