ОЈО Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог за уништување извршителски печат

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Симнување или оштетување на службен печат или знак од член 389 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, како што информираат од ОЈО, на 19 јули симнал службен печат од овластено службено лице – извршител за осигурување на моторно возило Мерцедес, попишано поради неплатен долг кон една банка.

– Печатот бил ставен на возилото по поднесено барање за извршување и пресуда од 2009 година од Основниот суд Гостивар. Јавниот обвинител предложи на обвинетиот за стореното да му биде изречена условна осуда со утврдена казна затвор од три месеци, се вели во соопштението од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

Тополова-Исајловска едногласно именувана за вршител на должност Државен јавен обвинител

Горан Наумовски

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар