Блинкен во посета на Еквадор и Колумбија

Од:

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ја оддржува својата прва јужноамериканска турнеја со посета на Еквадор и Колумбија, двата големи сојузника на САД во Јужна Америка.

Главната тема на овие средби е решавањето на нелегалната имиграција и зачувувањето на демократијата во регионот, но и заштита на животната средина и борба со климатските промени, како и помош со вакцинација против Ковид-19. Важно место во разговорите има и Венецуеала.

Набљудувачите велат Блинкен со ова промовира поместување на политиката на САД кон Јужна Америка од воено-политички на демократски и економски ангажман.

Блинкен синоќа се сретна со претседателот на Еквадор, Гилиермо Ласо и министерот за надворешни работи Маурисио Монтаљво. Се разгледуваа такви прашања како демократско управување и такви проблеми како трговија со дрога и имиграција.

САД на средбата повикаа обнова на политичките преговори меѓу владата и опозицијата на Венецуела, изјавувајќи дека екстрадицијата на близок сојузник на претседателот Николас Мадуро не е поврзано со преговори.

Минатиот викенд владата на Мадуро објави прекинување на преговорите откако колумбискиот бизнисмен Алекс Саб, обвинет за перење пари во интерес на Венецуела, од Кабо Верде беше екстрадиран во САД за да се соочи со суд.

Блинкен денеска ќе настапи со говор во Кито со тема значењето на демократијата.

Од Стејт департментот соопштија дека тој ќе демонстрира „како инклузивни и демократски институции“ можат да спроведуваат економска полтика со тежиште на „инклузивен растеж и заштита на животната средина“.

Потоа Блинкен заминува за Колумбија

-Визитата на државниот секретар во Колумбија и Еквадор испраќа јасен сигнал за тоа дека ние поддржуваме динамична и иклузивна демократија која ги штити правата на граѓаните, изјавија од Стејт департментот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија