Утврден идентитетот на загинатиот и повредените во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово

Од:

Жител на Тетово на 45 годишна возраст, со иницијали Ф.Р. е мажот кој го загуби животот во сообраќајната несреќа попладнево на автопатот Скопје-Тетово во близина на натпатникот за Требош. При увидот на СВР Тетово утврден е и идентитетот на двете повредени лица, машко и женско лице од Тетово.

– На местото на несреќата животот го загуби Ф.Р (45) од Тетово. Повредени се Е.К (22) од Тетово кој имал тешка телесна повреда-скршеница на нога како Е.Љ (31) исто од градот, која добила потрес на мозок и е задржана за опсервација во тетовската клиничка болница. Увид на местото извршија стручна екипа на СВР Тетово и Јавен обвинител. По наредба на обвинителот ќе се изврши обдукција кај починатото лице, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Полицијата утврди дека во сообраќајката учествувале три патнички возила, опел, пежо и голф како и товарно возило мерцедес. Започната е истрага за да се утврдат причините поради кои дошло до сообраќајната несреќа.

Би можело да ве интересира

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“