Четворица Македонци на Олимпијадата за глуви и наглуви

Од:

Македонскиот олимписки тим кој ќе учествува на 22-те Олимписки игри за глуви и наглуви ќе го сочинуваат четворица натпреварувачи. Игрите ќе се одржат во Софија, Бугарија во периодот од 26 јули до 4 август.

Македонските спортисти ќе се натпреваруваат во три спорта и тоа: Гордана Стаматовска – бадминтон; Горазд Анастасов – бадминтон; Јасмин Алими – атлетика (100 и 200 метри) и Андреј Стојановски – пливање (200, 400 и 1.500 метри слободно и 400 метри мешано).

Прв од македонскиот тим ќе настапи Андреј Стојановски на 27 јули, а еден ден подоцна на терените ќе се појават и останатите тројца Македонци.

Очекувањата од настапите на македонските натпреварувачи на денешната прес-конференција ги изнесе Дарко Анастасов од македонскиот олимписки тим.

– Стаматовска е многу млада и ова ќе биде едно големо искуство за понатаму, Анастасов и Стојановски својата спортска зрелост ќе ја достигнат на следната Олимпијада што не значи дека на оваа нема да бараме од нив резултати. Очекуваме некое финале посебно од Андреј, рече Анастасов.

На Олимписките игри во Софија учество ќе земат над 140 земји со повеќе од 4.000 спортисти во 19 спортови.

Од Националната спортска федерација на глуви и наглуви на РМ и Олимпискиот тим на глуви на Македонија информираа дека по завршувањето на Олимпијадата во Бугарија, продолжуваат подготовките на нашите репрезентативци за претстојните Светски и Европски првенства закажани за следната година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он