МВР: Внатрешна контрола ќе го истражува сопирањето на Димитриевски, не дозволуваме притисок и злоупотреба на положбата

Од:

Полицијата утрово го сопрела возилото во кое бил актуелниот градоначалник на Куманово и кандидат за втор мандат, Максим Димитриевски, неофицијално, оти имало затемнети стакла. Возилото било испратено на техники преглед бидејќи тоа била стандардна процедура за оние кои возат со затемнети стакла кои се забранети. Од МВР официјално не кажуваат која била причината поради која било сопрено возилото во кое бил градоначалникот, но најавуваат истрага за случајот.

„Во врска со денешниот случај во Куманово, кога е сопрено возило ‘рено’, управувано од Д.Д., ве известуваме дека Министерството за внатрешни веднаш го вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот. МВР нема да дозволи било каков притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата“, велат од МВР за „А1он“.

Утрово градоначалникот Димитриевски со вклучување во живо на „Фејсбук“ се пожали дека полициско возило го следело неколку улици, а го сопрело кога дошол на улицата Лесковачка во Куманово. Во автомобил бил заедно со Дејан Димитриевски, а полицијата им ги земала документите и без објаснување ги држела петнаесетина минути, период во кој бил блокиран сообраќајот. Неколку минути по првото вклучување во живо, Димитриевски се вклучи и вторпат, со објаснување дека полицијата ги испратила на технички преглед иако знаеле дека возилото е ново.

Димитриевски во видеата порачува дека ваквите притисоци на министерот Оливер Спасовски, среде кампања пред вториот круг на изборите, нема да го поколебаат. Во првиот круг на изборите тој, како независен кандидат, освои 22 гласа повеќе од кандидатот за градоначалник од СДСМ, Оливер Илиевски. Следењето од полицијата и сопирањето Димитриевски смета дека се начин да му се изврши притисок поради изборниот резултат.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он