Почина новинарот Никола Талевски

Од:

Утрово на 81 годишна возраст почина доајенот на битолското новинарство Никола Талевски. Тој беше догогодишен новинар- дописник на Македонската телевизија, а потоа и сопственик на „Инфо магазин“.

Роден 1940 година во Битола. Дипломирал на Факултетот за политички науки – Белград во групата за новинарство (1947). Магистрира на Институтот за политички и правни истражувања – Скопје (1982). Основна научна преокупација му беше истражувањето и проучувањето од областа на информирањето на граѓанството. Има објавено голем број библиографски единици. Бил професор по политички науки на Универзитетот во Битола.

Твореше и од сферата на хуморот и сатирата и имаше објавено 3 книги. Беше раководител на групата за истражувања од областа на информирањето и други научни области.

Член на Македонското научно друштво Битола од 1987 година.

Опелото ќе биде во 10 часот во црквата „Свети Димитриј“ во Битола, а погребот е во 12 часот на Буковските гробишта.

Би можело да ве интересира

Почина Ози Озборн

Горан Наумовски

Почина новинарката Валентина Базерко

Почина Бујар Букоши

Почина актерката Соња Каранџуловска

Почина Филип Аврамчев

Почина легендата на прилепска Победа Николче Здравески

Катерина Ѓуровски