Унгарската опозиција со заеднички кандидат против Орбан

Од:

Питер Марки-Заи, конзервативниот градоначалник на мал град во јужниот дел на Унгарија, ќе биде кандидат на здружената опозиција, кој ќе му се спротивстави на премиерот Виктор Орбан на следните парламентарни избори во пролетта 2022 година.

Тој ја победи Клара Добрев, потпретседателка на Европскиот парламент и кандидатка на либералната партија Демократска коалиција, во вториот круг од вчера одржаните прелиминарни избори внатре во опозицијата, со 57 отсто од гласовите.
– Сакаме нова, почиста, чесна Унгарија, а не само да го замениме Орбан или неговата партија, им се обрати Марки-Заи на поддржувачите во Будимпешта.

Изборите беа организирани од шест опозициски партии кои формираа сојуз во 2020 година во обид да постигнат подобар успех во мнозинскиот изборен систем што ја фаворизира владејачката десничарска партија Фидес.

Целта на опозицијата е да се избере само еден противник на Орбан, како и по еден кандидат за секоја изборна единица кој ќе се спротивстави на Фидес на изборите во април следната година.

Марки-Заи, католик и татко на седум деца, рече дека се избрани чисти кандидати низ целата земја, кои ќе можат да ја ослободат земјата од „најкорумпираниот систем во илјадагодишната историја на Унгарија“.

Анкетите на јавното мислење укажуваат на изедначена трка меѓу опозицискиот сојуз и Фидес, како и дека Марки-Заи има подобри шанси од Добрев да го победи Орбан.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Орбан и објави „војна“ на левицата: Допрва доаѓа времето на патриотите, вие сте неспособни

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: Економските проблеми на Унгарија се резултат на војната во Украина

А1он

Сиљановска Давкова-Орбан: Како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ

А1он

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина