Германската партија Зелени на денешниот конгрес даде зелено светло за отпочнување на официјални коалициски преговори за нова влада со Социјалдемократска партија на Германија (СДП) и со Слободни демократи (ФДП).
Ако разговорите бидат успешни, социјалдемократот Олаф Шолц, министер за финансии и вицеканцелар во владата во заминување, ќе биде нов канцелар на Германија. Тоа ќе биде крак на 16-годишното владеење на демохристијаните, предводени од канцеларката Ангела Меркел.
По разговорите во петокот, лидерите на трите партии им препорачаа на своите партии официјално да започнат преговори за коалиција. Раководството на ФДП треба да се изјасни утре.
Претходно, Шолц изјави дека се надева дека пред Божиќ ќе се формира нова влада.