Полициска акција со која се трга по убиецот на семејството Ѓокиќ е во тек во селото Моравац во близина на Алексинац. Како што јавуваат српските медиуми, селото е под опсада на полицијата.
Засега нема информации за тоа дали се работи за апсење или за пребарување на теренот.
Тричленото семејство Ѓокиќ исчезна ноќта меѓу 25 и 26 септември. Откако беа пријавени за исчезната почна потрегата која заврши на 2.октомври откако прво беше пронајден запален автомобилот Пасат кој му припаѓал на семејството, а истиот ден десетина километри од локацијата на автомобилот беа пронајдени и телата.