Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 14 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Во период од 06.08 до 14.10.2021 на територија на државата 40.208 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 25% биле целосно вакцинирани, односно 10.066 лица.
Според статистика за изминативе два месеци, 30.142, граѓани, односно 74,9% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79%, додека 21% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.
Во период од 6.08 до 14.10.2021 на територија на државата починале 1.382 пациенти со Ковид 19, 1.149 пациенти од починатите, односно 83% не биле вакцинирани, а 17%, односно 233 примиле вакцина.
Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.