Биткоинот со рекордна вредност во последните шест месеци

Од:

Биткоинот денеска достигна рекордна вредност во последните шест месеци и се приближи до највисоката вредност во историјата, што ја достигна во април.
Најголемата криптовалута во светот се зголеми за речиси четири проценти до 59,465 американски долари.

Тоа е највисоката вредност на биткоинот од средината на април, кога беше на рекордни 64.895 долари.

Американската комисија за хартии од вредност е подготвена да дозволи првиот американски биткоин ЕТФ (Пасивен трговски фонд) да започне со тргување следната недела, објави Блумберг.

Бен Каселин, раководител за истражување и стратегија на азиската берза за криптовалути, рече дека скокот на биткоинот над 59.000 долари не е произволен и дека долгорочните инвеститори го акумулираат веќе некое време.

– Се очекува да се постигне значителен напредок околу американскиот Биткоин ЕТФ во четвртиот квартал, рече Каселин.

Тој додаде дека денешните настани се поттикнати и од твитот од Канцеларијата за едукација на инвеститори СЕЦ.

„Пред да инвестирате во фонд кој има термински договори за биткоин, внимателно проучете ги потенцијалните ризици и придобивки“, се вели во соопштението на СЕЦ.
Претседателот на СЕЦ, Гери Генслер претходно изјави дека пазарот на крипто валути вклучува многу учесници кои можат да бидат нерегистрирани хартии од вредност и ги остава цените отворени за манипулација, а милиони инвеститори осетливи на ризик.

Би можело да ве интересира

Вредноста на биткоинот надмина 86.000 долари

Биткоинот се искачи на речиси 40.200 евра

Централноафриканската Република го усвои биткоинот како легална валута

А1он

ММФ го повика Ел Салвадор да го укине Биткоинот како законско средство за плаќање

Еврото се намали во однос на доларот, биткоинот на најниско ниво во изминатите шест месеци

Централна банка на Англија: Биткоинот може да стане безвреден

А1он