Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

Од:

Фудбалската федерација на Албанија го осуди денеска насилничкото однесување на своите навивачи, но, притоа, ги обвини и полските фанови за провокации за време на натпреварот во Tирана во рамки на мундијалските квалификации.

Полска во вторникот во Тирана забележа победа од 1:0, а натпреварот беше во прекин околу 20 минути, откако Карол Свидерски го постигна победоносниот гол во 77 минута. Веднаш потоа албански навивачи почнаа да фрлаат пластични шишиња кон полските фудбалери, кои го напуштија теренот.

Ден по натпреварот ФИФА отвори дисциплинска постапка против фудблските федерации на Албанија и Полска и ги осуди инцидентите.

– Имавме 22.000 прекрасни навивачи и неколкумина поединци, кои ги расипаа сите убави работи што екипата ги направи, соопшти Албанската федерација, додавајќи притоа, дека и полските навивачи сносат вина поради „константното провоцирање и многу агресивно однесување“.

Тирана на 25 мај идната година треба да биде домаќин на првото финале во Конференциската лига на УЕФА.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“