Полициски хеликопер нападнат со ласер над Љубљана

Од:

Полициската управа на Љубљана соопшти дека во текот на денешниот протест се забележани преку 300 прекршоци и осум кривични дела.

Меѓу другото, соопштено е дека непознат сторител вперил ласерски зрак кон полициски хеликоптер на плоштадот Република, во строгиот центар на Љубљана, а еден од пилотите се здобил со повреда на очите.

Според полициската управа тоа претставува сериозна опасност по безбедноста на воздушниот сообраќај.

„Во конкретниот случај, еден од пилотите се здобил со повреда на очите и побарал лекарска помош, но се уште не е позната сериозноста на повредата“, изјави портпаролот на полициската управа.

Освен пилотот, на протестите полесно се повредени уште двајца полицајци.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

(ВИДЕО) Русија: На местото на падот на хеликоптерот Ми-8 на Камчатка се пронајдени 17 тела

Горан Наумовски

Пронајдени се остатоците од исчезнатиот хеликоптер Ми-8 на Камчатка

Горан Наумовски

Хеликоптер со 22 лица исчезна во Камчатка

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија