ВМРО-ДПМНЕ: На четири дена пред изборите, Заев дели поткуп на 160 фирми

Од:

Заев на 4 дена пред избори дели поткуп на 160 фирми, а Кондовски во Битола разнесува црни вреќи. Вчера на седница на влада се изгласа поткуп за 160 фирми, насловена како финансиска помош за фирмите велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Доколку ова беше помош, а не поткуп можеше да се изгласа пред или по изборите. Но се гласа сега затоа што Заев е во паника и знае дека губи, па сака да го намали поразот. СДСМ врши поткуп, активисти и советници од власта се шетаат со црни вреќи низ Битола, се плашат од огромен дебакл. Видео материјалот кој го објавија медиумите јасно покажува дека советници од власта во Битола во брендирани возила на Христо Кондовски носат црни вреќи во Баиро. СДСМ знае дек губи и затоа прибегнува кон поткуп, свесни се за огромниот пораз кој им претстои. За сите случаи на поткуп ќе бидат известени меѓународните претставници во земјава и ќе бидат поднесени соодветни пријави. Одговорност мора да има, стои во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски